|
Question: Јас сум учесник на семинарот од Битола. Многу сум задоволен од семинарот. Ме поттикнавте да бидам проактивен во барањето на работа и во континуираната едукација. Имам едно прашање... Наидов на еден интересен материјал за подготовка на интервју. Дали тој материјал може да го споделиме со останатите учесници од групата од Битола?
Answer: Да, може материјалот да го ставиме на веб страницата на проектот motiva1.com во рубриката артикли и да се сподели со сите учесници на семинарот од 12-те градови. Овој дел е предвиден да се ажурира со корисни артикли и по завршувањето на семинарот. Артиклите ќе бидат од областа на менаџментот, започнување со мал бизнис и подготовка на кандидати во процес на барање на работа. Воедно ги охрабруваме и останатите учесници кои имаат некој корисен материјал, да ни го пратат на меил motiva@mt.net.mk да го ревидираме и доколку е во согласност со целите на проектот ќе го објавиме на веб страницата.
Question: Дали по завршувањето на семинарот можам да ве контактирам доколку имам потреба да се подготвам за некое интервју со работодавачот?
Answer: Да, како што рековме и на семинарот, ви стоиме на располагање за совет и консултација пред настап на интервју со работодавачот. Контактите се по меил motiva@mt.net.mk или по телефон 02/3061-834.
|