|
Мотива има формирано во свои рамки Центар за Менаџмент Консалтинг, Образование и Тренинг . Се работи за високо рангиран од најдобра пракса Центар за менаџмент кој има донесено своја Менаџмент Програма за Образование - МЕП © приспособена на македонските потреби.
Мисијата на Центарот за менаџмент е “Ние сме високо импактна консултантска компанија која им помага на нашите клиенти организации и нивните луѓе самите да се трансформираат за да го достигнат и задржат својот максимум потенцијал ” .
Мотива е прва и единствена фирма во Македонија во чии рамки почна со работа Агенцијата за развој на претпријатија од мали бизниси - Инкубатор за мало стопанство. Наша деловна цел е “Ние овозможуваме поддршка и развиваме иницијативи да им помогнеме на новите и постојните бизниси, создавајќи и економско и општествено окружување кое ќе обезбеди работни места и просперитет баран од заедницата”.
Мотива врз основа на потврденото искуство на вработениот кадар, преку својот Центар за компјутерски инженеринг “изработува проекти за имплементација на компјутерски хардвери, изработува и врши инсталација на системски и апликативни софтвери од сите намени, кои ќе ги задоволат сите очекувања од купувачите” .
Motiva - Profile
Датум на основање : 26.12.1995
Реализирани проекти : 35 проекти - Семинари со преку 1300 Учесници
Вработени и ангажирани соработници на број : 16
По стручна спрема 8 предавачи : 2 Д-ри на Економски науки, 1 М-р на Економски науки, 1 Дипл. Ецц ГЦБА, 2 Дипл. Правници-адвокати.
2 постдипломци на Економски факултет Скопје, 1 Електро инженер, и 7 со средна стручна спрема.
Простор и опрема : Конференциска Сала за Семинари со капацитет од 200 посетители или во Workshop окружување околу 80 учесника, со додатна просторија за паузи и освежување. Две (2) Компјутерски училници со вкупно 20 работни места – компјутери за изведување на најсовремена настава. |