Успешна деловна комуникација

  • Подобрување на вашата интерперсонална комуникација со другите со цел максимизирање на вашите целокупни перформанси.

  • Методологија: Обуката претставува комбинација од максимален микс од методи кои вклучуваат групни вежби и фидбек, прашалници, дискусии и играње улоги (role play) користејќи “case studies” вежби и практични ситуации. Континуирано ќе бидете стимулирани да размислувате за тоа што вие би направиле поинаку и како ќе го имплементирате добиеното знаење во пракса.

  • Програма: Работно окружување; Културата на организациите и нејзиното влијание на однесувањето; Употреба на формален и неформален пристап; Комуникација со модерна технологија; Од што се состои успешната комуникација; Анализа на однесувањето; Причините за таквото однесување; Надминување на бариерите; Вежбање на уметноста на слушање и ефективно поставување прашања; Влијание на личниот стил врз комуникацијата; Идентификување на различни стилови; Како тоа влијае на нашиот начин на размислување и интеракција со другите; Како да постигнете емпатија со другите; Управување со конфликти преку комуникациски техники; Разбирање на природата на конфликтот; Постигнување позитивни резултати преку асертивност; Постигнување Win/Win ситуации преку успешно преговарање; Успешно презентирање и убедување; Давање јасна порака; Развивање кредибилитет; Динамика на состаноци; Вредноста и природата на состаноците и како тие да бидат успешни; Моќ, авторитет и критериуми за успешно учество; Виртуални состаноци – како да остварите комуникација кога таа не е “лице во лице”; Употребете ги вашите таленти; Идентификување на ситуациите кои ви одат во прилог; Практицирање и унапредување на вашите вештини; Правење напор за нивно аплицирање на работното место; Бенефиции; Суштинско знаење од сите компоненти за успешна интерперсонална комуникација; Фидбек за тоа како ве перцепираат другите луѓе што ќе ви овозможи да изберете различен стил и пристап кога е тоа потребно; Практицирање на уметноста на позитивно слушање и поставување прашања; Давање и примање фидбек; Значително подобрување на вашата самодоверба и способност за управување со конфликти и тешки ситуации; Зголемување на вашиот опсег на асертивни вештини; Развивање на силен, професионален и кредибилитетен имиџ кој инспирира доверба во вас од страна на другите.